Давитоглу и Мркиќ разговарале за изјавата на Ердоган

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу денеска изјави дека во телефонски разговор со српскиот министер за надворешни работи Иван Мркиќ разговарале околу изјавата на турскиот премиер Ердоган, што според него била погрешно протолкувана и извадена од контекст. "Тие зборови се извадени од контекст на целиот говор и дадено им е значење што ние не го сакаме" изјави Давутоглу за турскаа државна телевизија ТРТ.
Неодамнешната изјава на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган во Призрен дека „Турција е Косово, а Косово Турција“, предизвика остри реакции од Србија, а претседателот Томислав Николиќ побара извинување и го замрзна учеството на трилатералната средба меѓу Турција, Србија и Босна и Херцеговина.