Серија бомбашки напади во Ирак

Најмалку 26 лица загинаа во серија бомбашки напади во главниот град на Ирак. Мета на нападите биле пазари во Багдад во населби со претежно шиитско население. Најмалку 70 лица се повредени во осумте експлозии во нападите во главниот град на Ирак. Најмалку 500 лица во земјата загинаа во напади во текот на месецов.