Подготовки за коалициски разговори во Чешка

Чешките политичари се подготвуваат за потенцијало комплицирани коалициски преговори откако ниту една од партиите не доби потребно мнозинство гласови на предвремените парламентарни избори. Социјал демократите водат со освоени 20.5 проценти од гласовите од петокот и саботата, со што обезбедија 50 пратенички места во парламентот со 200 пратеници. На второ место е новоформираната централистичка партија Ано (Да) со освоени 18.7 проценти од гласовите додека Комунистичклата партија е трета.