Владиката Пимен: Социјалните мрежи не се баук

Социјалните мрежи не се баук, туку дел од секојдневната култура на живеење. Во каков тренд би се вклучиле доколку целосно ги екскомуницираме, изјави митрополитот европски Пимен, кој вчера присуствуваше на одбележувањето на 40-годишнината од основањето на МПЦО „Св.Кирил и Методиј“ во Гетеборг. Владиката Пимен, како што јави дописникот на МИА од Гетеборг, смета дека одлуката за забрана за свештениците, монасите и владиците на МПЦ да ги користат социјалните мрежи, актуелизирана деновиве по иницијатива на владиката Петар, не е особено продуктивна кога станува збор да се има сенс за духот на современиот миг на живеење.