Телефонот на Меркел бил "прислушкуван" 11 години

Американските разузнавачки агенции го прислушкувале телефонот на германската канцеларка Ангела Меркел од 2002 година, соопштија германските безбедносни служби. Во извештсајот објавен во магазинот “Дер Шпигел” се наведува и дека американскиот претседател Барак Обама и рекол на Меркел дека ќе го прекинел прислушкувањето на нејзиниот телефон доколку знаел за тоа. Повикувајки се на таен документ од 2010 година медиумот јавува дека Соединетите американски држави имаат 80 тајни центри за следење комуникации.