Протест на подржувачите на Златна Зора

Повеќе од 1.000 приврзеници на „Златна зора“ протестираа синоќа во центарот на Атина против судското гонење на лидерот на крајнонодесничарската партија и нејзините парламентарци, пренесоа американските медиуми. Партискиот лидер и пратеник Никос Михалолиакос и уште двајца пратеници на „Златна зора“ се во притвор како претпоставени членови на криминална организација. За време на мирниот протест Касидиарис пред новинарите кажа дека се бара итно ослободување на Михалолиакос и другите двајца притворени пратеници.