Николиќ очекува извинување од Турција

Претседателот на Србија Томислав Николиќ го замрзна своето учество на трилатералната средба Србија, Турција и Босна и Херцеговина, додека Турција не се извини на Србија поради изјавата на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган во Призрен за Косово, соопшти денеска прес службата на српскиот претседател, пренесува Танјуг.Турскиот премиер пред неколку дена, во рамките на посетата на Косово, во Призрен изјави дека „Турција е Косово и Косово е Турција“.