Грчките медиуми не коментираат за името

Сите грчки медиуми јавија за средбите на медијаторот Метју Нимиц со амбасадорите Јолевски и Василакис, но засега само информативно и без коментар. Како што јави дописникот на МИА од Атина, медиумите воглавно го пренесуваат извештајот на државната новинска агенција АНА МПА, без да се повикаат на дополнителни извори и без коментари. Во повеќето наслови се наведува дека на маса се уште е априлскиот предлог и дека се уште се дискутира за „Горна република Македонија“ и оти има „добри идеи“. Грчкиот амбасадор Адамантиос Василакис по средбите со Нимиц за локалните медиуми изјавил дека „претставникот на Скопје ги повторил познатите ставови на неговата земја“.