Убиени 14 ирански граничари

Иранската официјална новинска агенција јави дека 14 граничари биле убиени во судири со вооружени напаѓачи во близина на границата со Пакистан. Петмина биле повредени во инцидентот кој се случил доцна вчеравечер во регионот Сараван. Истрагата треба да утврди дали напаѓачите биле припадници на група шверцери или противници на власта во Исламската република.