Франција жали за "ќор-сокакот" во преговорите за името

Франција жали за ќор-сокакот во преговорите меѓу Република Македонија и Грција за името, кој е штетен за добрососедските односи во регионот, јави дописникот на МИА од Атина. Грчките медиуми денеска го пренесуваат соопштението на постојаната мисија на Франција во ОН во кое француските власти ги поддржуваат напорите на Нимиц за изнаоѓање решение за прашањето на името на Македонија. “Француските власти веруваат дека взаемно прифатливо решение мора да се најде брзо, под покровителство на Обединетите нации, преку дијалог и компромис” се вели во соопштението.