Барање за паузирање на казните за Иран

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама побара од пратениците да се воздржат од одредување нови санкции за Иран. Стејт Департментот се надева дека со паузирање на санкциите ќе се создаде можност за засилување на меѓународните разговори за нуклеарната програма на Исламската република. Следните разговори за иранската нуклеарна програма се закажани во Женева од 7 до 8 ноември.