Комитетот за заштита на новинарите - ослободете го Кежаровски

Властите во Македонија треба да ја преиспитаат пресудата на истражувачкиот новинар Томислав Кежаровски, соопшти Комитетот за заштита на новинарите во Њујорк.

Во дописот до медиумите се опишува неговиот случај, се наведува дека Кежаровски негира дека наводниот сведок имал статус на зашитетен сведок во 2008 кога текстот е објавен.

Потоа се наведуваат исказите на сведокот дека бил под притисок на полицијата како и изјавите на Кежаровски дека неговата статија само открила прекршување на правни процедури и била критикувана работата на Министерството за внатрешни работи.

Во времето на неговото апсење во мај, Кежаровски ја истражува смртта на Никола Младенов, сопственик на критички настроениот кон власта неделник Фокус. На 1 април, тој напиша статија во весникот Нова Македонија, што покрена прашања околу полициската истрага за несреќата.

Координаторот на Комитетот за Европа и Централна Азија Нина Огњанова ги повикува властите да го ослободат Томислав Keжаровски и македонското судство да ја поништи неговата пресуда. " Времето на апсење и неговото критично известување за полицијата и судството , фрлаат сериозен сомнеж врз правичноста на неговата гонење".