Груевски - ситуацијата е сложена, оти зависи од Грција

Во Брисел денеска се одржа средба меѓу премиерот Никола Груевски и евро комесарот за проширување, Штефан Филе. Груевски и Филе разговарале за извештајот за напредокот за Македонија.
Според Груевски, како што пренесе МИА, со Филе разговарал за за повеќе случувања во односите на Македонија со ЕУ и за тоа како да се придвижат работите во правец на отпочнување на преговорите за членство.
Ситуацијата е сложена, рекол Груевски, затоа што зависи од Грција односно нејзиното противење со нашето име на државата, на јазикот и на нацијата.