МПЦ го забранила Фејсбук за свештениците!?

Синодот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија донесе одлука за забрана за користење на социјалната мрежа Фејсбук меѓу свештенството, монаштвото и владиците, објави весникот „Нова Македонија“. Решението во писмена форма било доставено до великодостојниците, а на него бил наведен и рок до кога треба да се исклучат од социјалната мрежа.
Предлагач на одлуката бил владиката Петар, што, како што наведува весникот, создало недоразбирања и превирања меѓу повозрасните, кои воопшто не го користат интернетот во комуникацијата со верниците, и меѓу помладите владици, кои секојдневно, особено преку мобилните телефони, се присутни на социјалните мрежи.