Грузија да се врати во Заедницата на независни држави

Денешниот самит на Заедницата на независни држави во белорускиот главен град Минск заврши со повик до Грузија повторно да стане членка на оваа Заедница. Во Грузија в недела се одржуваат претседателски избори на кои треба да биде избран наследникот на Михаел Саакашвили кој ја изведе земјата од Заедницата на незавсини држави по кратката грузиско руска војна во 2008 година. На самитот учествуваше и рускиот претседател Владимир Путин.