Нови детали за самоубиствениот напад во Волгоград

Наида Асијалова

Руските истражни органи соопштија дека жената која во понеделникот детонирала експлозив во автобус во Волгоград најверојатно имала намера да изврши самоубиствен напад во трговскиот центар Акварел во градот. Наида Асијалова пред да го активира експлозивот во автобусот кога загинаа 6 луѓе, а над 50 беа ранети, била во трговскиот центар, но брзо го напуштила откако видела дека во него немало многу луѓе. Според истрагата, таа по се изгледа дејствувала сама.