Путин на самитот на ЗНД во Минск

Рускиот претседател Владимир Путин учествува на денешниот самит на Заедницата на независни држави во белорускиот главен град Минск. Пред тоа Путин учествуваше на состанокот на Врховниот евроазиски економски совет чија интенција е обединување на постсоветските држави во заеднички економски простор. Тој исто така имаше одвоени средби со претседателите на Белорусија и на Украина Алексaндар Лукашенко и Виктор Јанукович.