Ходорковски веќе 10 години во затвор

Поранешниот руски тајкун Михаил Ходорковски

Поранешниот руски тајкун Михаил Ходорковски денеска навршува 10 години во затвор. Ходорковски кој своевремено беше најбогатиот човек во Русија беше уапсен под обвинување за затајување данок по што беше осуден на 8 години затвор. Во 2010 година тој доби уште една затворска казна за крадење од неговата сопствена нафтена компанија „Јукос“. Ходорковски треба да биде ослободен во 2014 година, меѓутоа неговите поддржувачи страхуваат дека тој би можело да се соочи со нови обвинувања со цел и натаму да остане зад решетки. Тие сметаат дека сите обвинувања против него се политички мотивирани бидејќи во него рускиот претседател Владимир Путин гледал силен политички ривал.