Судот да ја поништи пресудата за Кежаровски

Комитетот за заштита на новинарите со седиште во Њујорк ги повика властите во Македонија да го ослободат новинарот Томислав Кежаровски кој е осуден на четири ипол години затвор за објавен текст, односно за вршење на својата дејност како истражувачки новинар. „Очекуваме македонското судство да ја поништи пресудата“, вели Нина Огнијанова координатор во Комитетот за заштита на новинарите, додавајќи: „Тајмингот на неговото апсење и затворање и неговото критичко известување за полицијата и судството фрлаат сериозно сомневање за правичноста во неговиот судски процес“.