САД ги прислушкувале телефоните на 35 светски лидери

Германската канцеларка Ангела Меркел.

САД ги прислушкувале телефоните на 35 светски лидери, објави британскиот весник Гардијан, повикувајќи се на документи од 2006 година кои беа обелоденети од поранешниот соработник на американските разузнавачки служби Едвард Сноуден. Весникот не објави кои лидери биле шпионирани од американската Национална агенција за безбедност. Во исто време, Германија е скандализирана од тоа што САД ги следеле телефонските разговори на германската канцеларка Ангела Меркел. Белата куќа вчера не ги негираше информациите за прислушкување на телефонот на Меркел, но соопшти дека тоа нема да се случува во иднина.