Потврдена доживотната затворска казна за поранешен кинески функционер

Поранешниот висок кинески функционер Бо Ксилаи.

Кинескиот суд ја отфрли жалбата на поранешниот висок функционер Бо Ксилаи и ја потврди доживотната затворска казна на која беше осуден за мито, корупција и злоупотреба на службената положба. За време на судењето, тој ги негираше обвинувањата. Пред неговиот пад, Бо беше на чело на Комунистичката партија на Кина во градот Чонгкинг и на него се гледаше како на кандидат за член на Постојаниот комитет на кинеската комунистичка партија.