Трет убиен новинар во Мосул овој месец

Мосул.

Непознати напаѓачи вчера убија новинар пред неговиот дом во градот Мосул во северниот дел на Ирак. Снимателот на телевизијата Ал-Мосулија, Башар Абделкадер Најм, е третиот новинар убиен во Мосул овој месец. Во други напади во Ирак вчера беа убиени шест луѓе.