Владата го усвои законот за објавување на даночните должници

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска во Дојран информира дека Владата го усвоила законот со кој јавно ќе се објавуваат имињата на должниците и оти ќе биде проследен во собраниска процедура. Ќе се објавуваат имињата на сите должници кои должат повеќе од 90 дена, односно за долг над 2 илјади евра за физички лица и над 5 илјади евра за правни лица по основ на даноци, царини, акцизи и придонеси. Даночниот должник неколку дена претходно ќе биде информиран дека доколку не го подмири долгот, ќе се најде на листата на должници.