Прислушкувањето и имигрантите - теми на самитот на ЕУ

Во Брисел денеска започнува самитот на Европската Унија, на кој, меѓу другото, ќе се расправа за економски прашања, илегалната имиграција, но и за некои надворешно политички теми. До самитот доаѓа еден ден откако германската канцеларка Ангела Меркел му телефонирала на американскиот претседател Барак Обама во врска со извештаите дека бил прислушкуван нејзиниот мобилен телефон. И францускиот претседател Франсоа Оланд предлага ова прашање да биде една од темите на самитот, бидејки, според некои извештаи, биле прислушкувани и милиони телефони во Франција. Од друга страна, некои јужни земји членки на Европската Унија, како Италија, Грција, Малта, Кипар и Шпанија, бараат фокусот да биде ставен врз проблемите со илегалните имигранти од северна Африка и Блискиот Исток.