Поголемиот дел од Сирија без електрична енергија

Сирискиот главен град Дамаск, и поголемиот дел од земјата останаа без електрична енергија по експлозијата на гасовод во близина на аеродромот во Дамаск. Министерот за енергетика Имад Kамис изјави дека експлозијата во средата е "терористички напад" и дека "сите провинции" биле погодени од прекините. Шефот сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, изјави дека експлозијата во гасоводот била резултат на жестоките борби меѓу провладините сили и бунтовниците против владата на претседателот Башар ал-Асад. Автомобилот бомба експлодирал на контролен пункт во предградие на Дамаск предизвикувајќи непознат број жртви меѓу владините трупи. Повеќе од 100.000 луѓе се убиени од насилството кое започна во март 2011 година.