Берлускони мора пред суд

Италијанскиот суд му наложи на поранешниот премиер Силвио Берлускони да излезе пред судот поради обвинението дека подмитувал сенатори од други партии за да ја собори владата на Романо Проди во 2008 година. Берлускони е обвинет дека платил 3 милиони евра на сенаторите на левицата за да гласаат против владата на Проди. Судот во Наполи го осуди сенаторот Серди Грефоријо на 20 месеци затвор во жалбената постапка за примање поткуп. Берлускони е вмешан во повеќе судски постапки, но тој тврди дека е жртва на кампањата што се води против него.