Од масовна гробница во БиХ извадени 18 тела

Од една масовна гробница во близина на Приједор во северозападниот дел на Босна и Херцеговина, форензичари извадија останки од тела на 18 лица, убиени за време на војната на почетокот на 90-те години на минатиот век.
Се претпоставува дека ова е една од најголемите масовни гробницата во БиХ со површина од околу 3.000 метри квадратни.
Босанските медиуми посочуваат дека со години се знаело оти во тој реонот има масовна гробница, но не била позната нејзината точна локација.
Според експертите по судска медицина, сите тела пронајдени во оваа гробница имале прострелни рани.
Хашкиот суд досега осуди 16 босански Срби на вкупно 230 години затвор, под обвинение за етничко чистење и масовни ликвидации во реонот на Приједор.