Фејсбук острани видео на кое е прикажано обезглавување

Фејсбук доцна синоќа го отстрани видео на кое е прикажано обезглавување само неколку часа откако оваа социјална мрежа режи да овозможи такви видеа да бидат постирани.
Тоа е резултат на јавносто негодување откако беше прикажано видео со обезглавување на жена во Мексико.
Меѓу оние кои протестираа беше и британскиот премиер Дејвид Камерон.
Според Фејсбук целта на објавувањето такви видеа е тие да бидат осудени, но компанијата вети дека сите слики и видеа испратени за садистичко задоволство како и оние кои го слават насилството ќе бидат отстранети.