Пакистанскиот премиер Шариф на средба со Обама

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф денеска ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа. На средбата ќе стане збор за билатералните односи меѓу двете земји, а се очекува да се разговара и за американските напади со беспилотни летала, ситуацијата во Авганистан и трговските врски.
Обама најверојатно ќе изврши притисок врз Шариф да преземе поголеми мерки во борбата со милитантите кои ги напаѓаат американските и НАТО силите покрај границата на земјата.