Временска прогноза-претежно сончево

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. По котлините во утринските часови ќе има и појава на слаба магла. Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од 21 до 26 степени. Во Скопје слично време, со утринска температура околу шест и со дневна до 23 степени.