Доларот на две годишно најниско ниво во однос на еврото

Вредноста на доларот падна на најниското ниво за изминативе две години во однос на еврото а вредноста на глобалните пазари на капитал се зголеми по информациите за послаба креација на работни места во САД отколку што се очекуваше.
Тоа е делумно и поради очекувањата дека Федералните резерви на САД ќе ја задржат истата финансиска политика и во 2014 година.
Според Министерството за труд бројот на нови работни места во септември изнесува 148.000 а тоа е пониско од очекувањата на економистите кои сметаа дела ќе бидат отворени 180.000 нови работни места.