Интерпол нема податоци за мистериозното девојче во Грција

Интерпол денеска соопшти дека нема досие за девојчето кое било најдено во еден камп на Роми во Грција во минатата недела. Во базата за податоци на Интерпол имало 38 девојчиња под 6 години, но ниту едно не одговарало на описот на рускосото девојче со зелени очи познато како Марија. Вчера грчката полиција обвини брачна двојка Роми од грчкиот град Фарсала за киднапирање на девојчето. Тие се соочуваат со казна затвор од 20 години. Двојката била уапсена откако ДНА тестовите покажале дека ние не се родители на девојчето. Тие изјавија дека им го дала биолошката мајка, бидејќи не можела да ја чува својата ќерка.