Во Лондон состанок со сириската опозиција

Претставници на арапските и на западните земји денеска во Лондон се обидуваат да ги уверат лидерите на сириската опозиција да најдат заеднички јазик пред разговорите за иднината на Сирија што во идниот месец треба да се одржат во Женева. На состанокот, меѓу другите, учествуваат и шефовите на дипломатиите на Британија и Соединетите држави Вилијем Хејг и Џон Кери. Сирискиот претседател Башар ал Асад вчера изјави дека Женевската конференција нема шанси на успех и оти тој би сакал да се кандидира за уште еден мандат на изборите догодина.