ЕУ отвори ново поглавие во преговорите со Турција

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе

Шефовите на дипломатиите на Европската унија на денешниот состанок во Луксембург се согласија да отворат ново поглавие од пристапните преговори со Турција, што е за прв пат по тригодишна пауза. Министрите најавија дека на 5 идниот месец двете страни ќе ги почнат разговорите за регионалната политика. Тоа е 14 од 35 поглавија што Турција треба да ги отвори за да стане членка на Унијата. Еврокомесарот за проширување Штефан Филе оцени дека денешната одлука претставува важен чекор. Брисел го одложи почетокот на отворањето на ова поглавие по насилносто справување со антивладините протести во та земја.