Министерката Јанкулоска во Пекинг

министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

„Денешната прва посета на македонски министер за внатрешни работи на Кина е добра основа за подигнување на меѓусебната соработка на повисоко ниво“, оцени кинескиот министер за јавна безбедност Гуо Сенгкун за посетата на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на Пекинг. Според него, како што соопшти МВР, посетата доаѓа во исклучително значаен момент кога се одбележуваат 20 години од дипломатските односи меѓу двете земји. Двајцата министри се согласиле дека е неопходно формализирање на односите во правна рамка и најавија потпишување на меморандум за соработка.