Конститутивна седница на новиот Бундестаг

Долниот дом на германскиот парламент Бундестагот денеска за прв пат ќе заседава по изборите во минатиот месец. Бундестагот кој има 631 пратеник треба, меѓу другото, да избере и свој претседател. До заседанието доаѓа ден пред најавената прва рунда разговори на канцеларката Ангела Меркел со опозиционите социјалдемократи за формирање нова коалициска влада.