Магла и смог го блокираа североистокот на Кина

Автопатиштата, училиштата и аеродромот во кинескиот град Харбин на североистокот на земјата, денеска се затворени поради густата магла и смогот. Метеоролшката служба во тој град објави дека видливоста во центарот на градот била помала од 20 метри. Маглата и смогот блокираат и други градови во тој кинески регион.