Седница на работната група за Избирачкиот список

Работната група за проверка на Избирачкиот список денеска ќе одржи работен состанок на кој ќе присуствува и експертот од ОБСЕ Џон Арон. Според дневниот ред на седницата, тој ќе даде објаснување за целта на неговиот ангажман во врска со изработка на методологија за проверка на Избирачкиот список. На седницата ќе биде презентирана и Информација во врска со текот на процесот на обработка на податоците на Избирачкиот список од страна на Државниот завод за статистика за тековното годишно ажурирање согласно со Изборниот законик.