Асад се сомнева во успехот на конференцијата за Сирија

Сирискиот претседател Башар ал Асад изрази сомневање за тоа дали предложената меѓународна конференција за решавање на конфликтот во неговата земја може да успее. Во интервјуто за една сириска телевизија, Асад вчера исто така изјави дека не е определен датумот за таква конференција. Тој истакна дека опозициските групи кои се поканети на разговорите повеќе ги претставуваат странските сили отколку сирискиот народ. Многу прашања околу оваа конференција сеуште се на маса, додаде тој.
Асад нагласи дека не гледа никакви пречки за да се кандидира за трет мандат како претседател на следните избори, закажани за идната година.