Двајца загинати во пукање во училиште во Невада

Средношколец од западната американска држава Невада отворил оган во училиште, при што убил еден наставник и ранил двајца ученици. Потоа напаѓачот се самоубил. Според официјални лица, полицијата не употребила оружје за време на инцидентот.
Убиениот во нападот е 45-годишниот наставник по математика, Мајкл Лендсбери. Според полицијата, тој бил убиен кога се обидел да ги заштити учениците во Спаркс Мидл Скул.
Во градот Спаркс во Невада има околу 90 илјади жители.