Приватна тужба на Јанкулоска против Шилегов

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во пишаната реакција во врска со изјавата на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов посочува дека покренала приватната тужба за оштета од милион денари. „Шилегов конечно и јавно го покажа стравот и ги призна сите клевети и измислици изречени во изминатиот период. Од неговиот вокабулар ги снема лажните обвинувања за криминално богатење, купување на станови со измислена квадратура, прикривање на продажбата на стариот стан и купувањето на новиот. Сепак, штетата е нанесена и Шилегов, како и во секоја правна држава, ќе мора последиците за своите постапки да ги сноси на суд“, се вели во реакцијата од министерката Јанкулоска. СДСМ денеска до Државната комисија за спречување на корупција поднесе барање за покренување иницијатива за поведување постапка против Гордана Јанкулоска „поради тоа што не го пријавила зголемувањето на својот имот“.