Шпанија не смее да им го продолжува затворот на припадниците на ЕТА

Европскиот суд за човекови права денеска пресуди дека Шпанија мора, без одлагање, да ги ослободи баскијските сепаратисти, чие држење во затвор е пролонгирано со контроверзната легална практика во Шпанија. Инес Дел Рио Прада, членка на ЕТА, е во затвор од 1989-та година, под обвинение за тероризам, а нејзиното држење во затвор постојано се продолжува. Во октомври 2011-та, ЕТА декларира дефинитвен крај на вооружените активности.