Атина предложила компромис за името, чека одговор од Скопје

Архива

Нема никаква смисла Македонија сега да почне преговори, земајќи го предвид нивото на односите со соседите. Тоа би било контрапродуктивно, изјави грчкиот заменик-министер за надворешни работи Димитрис Куркулас.
- Од интерес на европската перспектива на Скопје е тие да сфатат дека треба да изберат – или да ги подобрат односите со соседните земји, или да го одложат присоединувањето кон ЕУ, изјави Куркулас во интервју за Бугарското национално радио.
Грчкиот дипломат вели дека „искрено, Грција сака Македонија да стане дел од евроатлантската заедница, но само под услов да ги исполни критеримуите“.
Во врска со преговорите за прашањето за името, Куркулас изјави дека „Атина предложила компромис кој е чесен за двете земји и оти чека реакција од Скопје“.