Подметната бомба на пруга во Пакистан

Најмалку 5 лица загинале, а 17 биле повредени при експлозија на бомба, поставена на шини, додека поминувал возот кој сообраќал на релацијата од Равалпинди до Кета. Во провинцијата Балочистан, во Пакистан, сепаратистичките бунтовници се одговорни за серија инциденти, а тие се посебно интензивирани од 2004-та година, од кога бунтовниците бараат автономија и контрола врз профитот од нафта, гас и минералните ресурси во регионот.