Во Вашингтон средба Кери - Шариф

Американскиот државен секретар Џон Кери во Вашингтон имаше средба со пакистанскиот премиер Наваз Шариф, кој е во 4-дневна посета на САД. Предвидено е Шариф во среда да има средба и со американскиот претседател Барак Обама. Кери, оцени дека Пакистан е многу важна земја за регионалната стабилност.