Дачиќ:Владата подготвена да ја исполни желбата на Јованка Броз

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ синоќа изајви дека владата е спремна да ја исполни желбата на Јованка Броз и нејзиното семејство да биде погребана покрај или во близина на нејзиниот сопоруг Јосип Броз Тито. „Ова е заминување на најдобриот сведок на историјата на поранешна Југославија.Таа долго време беше изложена на прогон, а некои историски неправди кон неа за жал почнаа да се корегираат во последните денови и години од нејзиниот живот“ ијави Дачиќ пред новинарите во Белград.Тој рече дека денеска треба да се разговара за местото на погребување на Јованка Броз и додаде дека треба да се видат сите правни и технички можности.