Прошетката на ЛГБТ активистите помина без инциденти

Прошетката на стотина ЛГБТ активисти од целиот регион, амбасадори и јавни личности низ центарот на Подгорица заврши и помина без инциденти. Полициските сили и нaтаму се присутни и распоредени во „концентрични кругови“, а цело време поворката ја надгледуваше и хеликоптер на полицијата. Пред почетокот на парадата беше фрлен солзавец а регистрирани се и неколку кошкања меѓу полицајците и противниците на парадата, кои се движеа во непосредна оддалеченост од поворката. ЛГБТ активистите носеа знамиња со боите на виножитото и транспаренти со натписи “Жена, мајка, лезбејка“ и „Геј е ОК“.