Во Подгорица утре парада на гордоста

Под мотото „Црна Гора е горда“ во Подгорица утре ќе се одржи парада на ЛГБТ популацијата, што е прва ваква парада во главниот град. Црногорската полиција ги повика граѓаните да се воздржат од насилство и најави ригорозни мерки за безбедност со учество на 2000 полицајци.
Поголемиот дел од градот ќе биде блокиран за сообраќај уште од раните утрински часови. На парадата свое присуство најавија и организации од просторите на поранешна Југославија.