Фрлена бомба во Косовска Митровица

Во северниот дел на Косовска Митровица фрлена е бомба на балконот од станот на кандидатот на Граѓанската иницијатива Српска, при што немало повредени, соопшти денеска канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Србија.
Канцеларијата најостро го осуди бомбашкиот напад и порача дека Белград повеќе од било кога ќе биде со својот народ на Косово.
Во соопштението се наведува дека тоа е уште еден обид да се заплаши српскиот народ, со цел србите да не излезат на престојните локални избори на Косово.