Оставка на Борис Кондарко

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко денеска поднесе оставка на функцијата.
„Ве известувам дека денеска, 18.10.2013 година, до Собранието на Република Македонија поднесов оставка на функцијата претседател на Државната изборна комисија и согласно одредбите од Изборниот законик побарав на првата наредна седница да биде констатиран престанок на функцијата пред истекот на мандатот“, се вели во соопштението до медиумите испратено од портпаролот на ДИК.
Во него Кондарко истакнува дека дал свој придонес во работата на Државната изборна комисија, а оти оставката ја поднесува поради лични причини.
Борис Кондарко беше претседател на ДИК на предлог на опозициската СДСМ. Пред два дена оттаму најавија дека тој најверојатно ќе поднесе оставка од лични причини.